19. Општински натпревар „Млади библиотекари“, 2019

Печати

( 2 Гласа )

Општинскиот натпревар „Млади библиотекари“ беше организиран од НУУБ „Св. Климент Охридски“ – Битола, а се одржа во новата читална при Библиотеката на ден 01.11.2019 год. со почеток во 11 часот.

На Општинскиот натпревар  зедоа учество ученици од основните  училишта од Битола и по  еден ученик од училиштата во  с. Бистрица, Новаци и с. Могила,  со вкупно тринаесет  претставници.

Според утврдените правила за овој натпревар на 20. Републички натпревар „Млади библиотекари“ што ќе се одржи во Градската библиотека „Браќа Миладиновци“, Скопје  на ден 15.11.2019 година, ќе учествува ученичката од ОУ „Славко Лумбарковски“ – Новаци, која освои најмногу бодови, а тоа е:  Стефанија Цветановска со освоени 94 бодови од вкупно 100.

Резултати од натпреварот:

1. Стефанија Цветановска, ОУ Славко Лумбарковски“ – Новаци, 94 бодови

2. Бисера Пројкоска, ОУ „Св. Кирил и Методиј“ - Битола, 82 бодови

3. Викторија Наловска, ОУ „Тодор Ангелевски“ – Битола, 76 бодови

4. Јана Мојсоска, ОУ „Стив Наумов“ – Битола, 68 бодови

5. Марија Кузмановска, ОУ „Коле Канински“ – Битола, 67 бодови

6. Ана Спиркоска, ОУ „Др. Трифун Пановски“ – Битола, 63 бодови

7. Теа Ристевска, ОУ „Ѓорѓи Сугарев“, Битола, 47 бодови

8. Елени Попоска, ОУ „Св. Климент Охридски“ – Битола, 36 бодови

9. Дарко Велкоски, ОУ „Елпида Караманди“ – Битола, 21 бодови

10. Сара Пивкоска, ОУ „Гоце Делчев“ – Могила, 20 бодови

11. Сара Илиевска, ОУ „ Гоце Делчев “ – Битола, 17 бодови

12. Наталија Дишковска, ОУ „Даме Груев“ – Битола, 17 бодови

13. Дајана Томевска, ОУ „Крсте Петков Мисирков“ - с. Бистрица, 10 бодови