Последно освежено на Петок, 13 Октомври 2017 09:01 Објавено од Administrator Понеделник, 09 Ноември 2009 14:47
Прво место за претставничката на НУУБ „Св. Климент Охридски“ - Битола, ученичката Емилија Недановска од ОУ „Браќа Миладиновци“ од с. Добрушево на десеттиот Републички натпревар - Млади библиотекари кој се оддржа во библиотката „Гоце Делчев“ во Велес.
Десеттиот Републички натпревар „Млади библиотекари“ го организираше Библиотекарското Друштвото на Македонија на 06.11.2009 год. во библиотека „Гоце Делчев“ – Велес и на него учество зедоа претставници од сите Јавни библиотеки во Македонија. На сите учесници им беа доделени дипломи за учество, а за најдобрите беа доделени три награди. Второто место и припадна на претставничката од Библиотеката во Радовиш, третото место и припадна на претставничката од Библиотеката во Делчево.