12. Општински натпревар „Млади библиотекари“, 2011

Печати

( 1 Глас )

НУУБ „Св. Климент Охридски” – Битола на ден 25.10.2011 год. (вторник) со почеток во 11 часот, организираше Општински натпревар на „Млади библиотекари„ во просториите на Библиотеката. На натпреварот зедоа учество 13 натпреварувачи од основните училишта во Битола, Бистрица, Новаци, Могила и Добрушево. Првото место и припадна на Лина Гроздановска ученичка во VIII одделение од ОУ „Тодор Ангелевски“, Битола. Второто место освои Ивона Кикерковска од ОУ „Браќа Миладиновци“, Добрушево. Третото место и припадна на Анета Трајковска, ученичка во VII одделение во ОУ „Тодор Ангелевски“, г. Оризари. Победникот од овој натпревар се стекна со право да учествува на 12. Републички натпревар „Млади библиотекари” кој ќе се одржи во библиотеката „Благој Мучето”, Струмица.