15. Општински натпревар „Млади библиотекари“, 2014

Печати

( 1 Глас )

Во НУУБ „Св. Климент Охридски” – Битола на 14.10.2014 год. (вторник) со почеток во 11 часот, се одржа петнаесеттиот Општински натпревар на „Млади библиотекари“ во просториите на Библиотеката.

Натпреварот го организираше Комисија во состав: Јоланда Бошевска - библиотекар советник, претседател; Гордана Пешевска - виш библиотекар, член и Илче Стојановски - виш библиотекар, член.

На натпреварот зедоа учество 11 натпреварувачи од основните училишта во Битола, Бистрица, Новаци, Могила и Добрушево. Првото место и припадна на Емилија Илиевска ученичка во IX одделение од ОУ „Св. Кирил и Методиј“, Битола. Второто место и припадна на Емилија Јосифовска, ученичка во IX одделение од ОУ „Крсте Петков Мисирков“, с. Бистрица. Третото место и припадна на Теодора Јанкуловска, ученичка во IX одделение во ОУ „Браќа Миладиновци“, с. Добрушево. Победникот од овој натпревар се стекна со право да учествува на 15. Републички натпревар „Млади библиотекари” кој оваа година ќе се одржи во Локалната библиотека „Гоце Делчев”, Велес.

На сите учесници и нивните ментори им беа доделени благодарници за учество на натпреварот, а на најдобрите дипломи и пригодни награди од енциклопедиски изданија.