„Ракопис за вториот настанок“ - Мануел де Педроло

Печати

( 0 Гласа )

Култниот шпански режисер Бигас Луна починал во период кога ја правел филмската адаптација за Ракопис за вториот настанок, книга во која се прикажува големата апокалипса. После крајот на светот, нормално, доаѓа новиот почеток, во кој иднината на човештвото е во рацете на една штотуку полнолетна девојка и едно 12-годишно момче, кои се чинат единствените преживеани. Седејќи и гледајќи кон мртвиот град, кој лежеше под нивните нозе како апокалиптички пејзаж, прават план за нивниот живот во иднината. Ова ремек-дело е прв обид на авторот Педроло во научно-фантастичниот жанр, со кој веднаш стана задолжителна лектира во шпанските училишта.