Песочниот часовник - Трејси Рис

Печати

( 0 Гласа )

Колку може местото да ти го смени животот?
Разумната Нора секогаш ги прифаќала своите успеси како нешто природно, но животот одеднаш почнува да ѝ се урива. Потиштена од анксиозност и кошмари сфаќа дека ја привлекуваат долгите плажи на Тенби, мало место во кое била само еднаш. Заедно со една локална жителка зема под наем прекрасна вила и полека почнува да се навикнува на новиот живот. Но, Тенби си крие нова тајна, а Нора наскоро ќе открие дека тоа гратче на брегот на морето има моќ да ги исцели дури и најболните спомени. 1950 год. Од својата единаесетта година Клои доаѓа во Тенби секое лето. Престојува кај роднини и минува долги идилични денови на плажата. Секоја година ѝ е иста, се додека не запознае едно постаро момче кое за миг ќе ја освои. Но, во ноќта на првиот состанок Клои ќе дојде до сознание чии последици ќе ја прогонуваат засекогаш.