Живот, љубов, смеа - ОШО

Печати

( 0 Гласа )

Книгата Живот, љубов, смеа истражува три нешта што нè прават човечни – нашата желба да ја осознаеме целта на животот, способноста да сакаме и способноста да се смееме.
Инспиративните приказни на Ошо го надминуваат нивото на вообичаена потрага. Живот, љубов, смеа воспоставува нов жанр на рефлективен и инспиративен текст што е ослободен од прозаичност и клишеа, целосно во согласност со вистинската природа на дваесет и првиот век.
Ошо луцидно ги спојува забавата и инспирацијата, древните зен-приказни и современите шеги, со цел да ни помогне да ја преоткриеме смислата на животот, да уживаме во љубовта и смеата, а со тоа – и во среќата.
ОШО е еден од најпровокативните и најинспиративни спиритуални учители на ХХ век, познат по својот револуционерен придонес во науката за внатрешна преобразба. Тој им се обраќа на луѓето од сите возрасти и во секоја земја на светот, кои тргнале во потрага по вистинските човечки вредности.