ИВО АНДРИЌ – 60 ГОДИНИ ОД НОБЕЛОВАТА НАГРАДА ПОСВЕТЕНА НА БИБЛИОТЕКИТ

PDFПечатиЕ-пошта

 

Иво Андриќ(1892 -1975) е роден во Долац, покрај Травник–Босна и Херцеговина. Основно училиште завршил во Вишеград, а гимназија во Сараево. Студирал во Загреб, па во Краков и Грац, каде што и докторирал.

„Тој е писател со силна имагинација, а истовремено и одличен познавач на историските услови на стара Босна, за којашто и најчесто пишувал. Основните карактеристики на неговите дела се префинетата психолошка анализа, длабокото понирање во суштинските проблеми на егзистенцијата и моќта со сугестивната магија на поетскиот збор да ја долови човечката и општествената панорама на изминатите векови. Користејќи ги народните преданија, легендите, историската фактографија, а пред се плодотворното богатство на својата фантазија и чувството за светот, Андриќ изгради монументално уметничко дело во книжевноста на оваа епоха“. (Андриќ И. Деца. Скопје: Детска радост; 1998. Стр 207).

Благодарение на големиот епски стил кој го поседувал, многу успешно опишувал теми од историјата на својата земја и судбината на луѓето од тие подрачја. Овој талент му ја носи Нобеловата награда за литература во 1961 година, иако покрај него во најтесниот избор се и врвните: Лоренс Дарел, Грем Грин, Џон Штајнбек и Алберто Моравија.


Нобеловата наградата што му ја доделува Шведската кралска академија се однесува на неговото дело „Мостот на Дрина“ (1945), како и целокупното негово литературно творештво составено од: „Ex Ponto“ (1918), „Немири“ (1920), „Патот на Алија Ѓерзелез“ (1920), „Травничка хроника“ (1945), „Госпоѓица“(1945), „Приказна за везировиот слон“ (1948), „Проклета авлија“ (1954) и др. Потоа неговите дела се преведуваат на повеќе странски јазици и почнува уште поголемо да биде интересирањето на светот за делата на писателот од Балканот.

Андриќ целокупниот паричен износ од наградата го донира на библиотечен фонд на Босна и Херцеговина,со што уште еднаш го потврдува значењето на библиотеките за него. Исто така често учествува во акции за помош на библиотеките и финансиски помага во хуманитарни цели, што ја покажува неговата човечност.

Неговиот говор пред светската литературна сцена е еден од најзначајните кој останува запомнат засекогаш, а подоцна и објавен како дел од збирката „Собрани дела“ под наслов „За приказната и раскажувањето“:

„Мојата татковина е навистина „мала земја меѓу световите“, како што еднаш рече еден наш писател, и земја која во брзи фази, по цена на големи жртви и извонредни напори, се труди да надомести во сите обасти, вклучително и културата, за сето она што беше скратено од нејзиното невообичаеното бурно и тешко минато. Со вашето признание, вие фрливте зрак светлина врз литературата на таа земја и на тој начин го привлековте вниманието на светот кон нејзините културни напори, во време кога нашата култура почнува да продира во светот со низа нови имиња и оргинални дела, со стремеж за соодветен придонес во светската литература.

Мислам дека е дозволено на крајот да посакам, приказната што ја раскажува денешниот раскажувач за луѓето од неговото време, без разлика на нејзината форма и тема, да не биде ниту отруена со омраза, ниту пригушена од громот на убиственото оружје, туку да биде поттикната од љубов и водена од ширината и спокојството на слободниот човечки дух. Затоа што нараторот и неговото дело не му служат никому, ако на еден или друг начин не му служат на човекот и човештвото...

Андриќ е мајстор во откривањето на психолошките немири, што ги создаваат малечките тајни кои понекогаш прераснуваат кај човекот во тешки драми и неповторливи порази.Од сложените животни проблеми застапени во неговите дела, се раѓаат безвременски мудрости кои живеаат засекогаши се пренесуваат од генерација на генерација.

„Чудно е колку малку ни е потребно да бидеме среќни и уште почудно е како баш тоа по малкуни недостасува“.

„Секој вистински живот е убав и тежок“.

„Мирот и спокојот се единственото богатсво и најголемото достоинство за скромните и безвременски луѓе“.

„Болестите се судбина на сиромашните,аказна за богатите“.

„Можеби на почетокот имало други мотиви, но денес царува стравот. Од страв се луѓето зли, сурови и подли. Од страв се дарежливи и добри“.

„Жената стои како капија, на влез и излез од овој свет“.

„Ништо повеќе не ги зближува луѓето од среќно преживеана несреќа“.

„Младоста е среќна доба во која човекотпочнува да верува во себе, а сѐуште не престанал да верува во другите“.

Нашата Библиотека располага со голем избор на негови дела кои се на македонски јазик, на српски и хрватски јазик, турски и албански јазик.

Од неговата богата ризница Ви ги препорачуваме следниве негови дела:

1. Врвици, лица, предели - M II 41582

2. Госпоѓица - M II 11872/3

3. Данок во крв - M I 1951

4. Деца ДО 8 - 32

5. Елена, жена што ја нема - M II 41568, M II 11872/7

6. Есеи I - M II 41576, M II 11872/11-I

7. Есеи II - M II 41577, M II 11872/12-II

8. Ex ponto, немири, лирика - M II 41581, M II 41593, M II 11872/13

9. Жед - M II 41569

10. Знаци - M II 41567

11. Знаци покрај патот - M II 32143

12. Крајпатни знаци - M II 41580

13. Куќа во самота - M II 41579

14. Мостот на Дрина - M II 2401/5, M II 37332, M II 27579, M II 25624, M II 41574

15. Немирна година - M II 41570

16. Нови раскази - M II 593

17. Омер - Паша Латас - M II 41578

18. Одбрани раскази (Патот на Алија Ѓерѓелез; Ќоркан и Швабицата; Смрт во Синановото теќе; Мустафа Маџар; Љубов во касабата; Мостот на Жепа; Мила и Прелац; Свадба; Знаци; Жена на камен; Лица; Панорама) – ДО 8 – 32, M I 2156

19. Проклета авлија - M II 29616, M II 28868, M II 22025, M II 2257/а, M II 11872/4

20. Романи - M II 40939

21. Травничка хроника - M II 33590, M II 38946

22. Травничка хроника, конзулските времиња - M II 41573, M II 11872/2

(на српско – хрватски јазик)

1. Ex ponto, немири, лирика - М II 41593, М II 999

2. Lica - М II 4104

3. Na Drini ćuprija - М II 38094, М II 15255, М II 5914/1

4. Pored puta (Znakovi pored puta; Sveske; Omer-paša Latas; Kuća na osami) - М II 42045

5. Priča o vezirovom slonu i druge pripovetke - М I 1692/32

6. Priče - М II 42043

7. Romani - М II 40939

8. Аска и вук: приповетке - М II 1192/118

9. Велетовци - ДО 8-32

10. Госпођица - М II 41600, М II 853, М II 5817/3-б, М II 3157/IV

11. Деца - М II 41589, M II 5817/9-б

12. Жеђ - М II 41601, M II 5817/6-б

13. Знакови - М II 41602, M II 5817/8-б

14. Знакови поред пута - М II 41595

15. Историја и легенда - М II 41592

16. Јелена, жена које нема - М II 41586, М III 1273, M II 5817/7-б

17. Кућа на осами ; и Друге приповетке - М II 41585

18. На Дрини ћуприја - М II 41597, М II 14975, М II 5817/1-а, М II 3157/III

19. Немирна година - М II 41596, M II 5817/5-б

20. Омерпаша Латас - М II 41584

21. Панорама: приповетке - М II 1072/18

22. Приповетке: избор - М II 3157/I

23. Прича о кмету Симану: и друге приповетке - М II 1192/88-а, M I 2867

24. Проклета авлија - M II 29153, M II 41590, M II 5817/4-б, M II 6586

25. Пут Алије Ђерзелеза - М I 246

26. Свеске - М II 41594

27. Стазе, лица, предели - М II 41599

28. Стазе, лица, предели - М II 41599, M II 5817/10-б

29. Травничка хроника - М II 41603

30. Травничка хроника: консулска времена - М II 5917/2-а, М II 3157/II

31. Уметник и његово дело - М II 41591

 

 
Сподели на Facebook

Педесет нијанси
ослободени  Е.Л Џејмс

Романтична и
незауздана. Ова е
серија што ќе ве
опседнува, поседува и
засекогаш ќе се врзе
за вас. Тој ден кога
Анастасија Стил го
запозна Кристијан
Греј пламна љубовната
искра што засекогаш
им го смени животот.
Прочитај повеќе...


Девет совршени туѓинци
Лијан Моријарти

Дали десет дена во
здравствено
одморалиште навистина
можат да ве променат
засекогаш? Овие девет
совршени туѓинци
наскоро ќе го
откријат тоа. Девет
луѓе се наоѓаат во
оддалечено здравствено
одморалиште...
Прочитај повеќе...


Мајски рози
Дот Хачинсон

Прија е млада девојка
која е мета на сериски
убиец – истиот кој ја
убил нејзината сестра
пред неколку години.
По загубата на
нејзината сестра, таа
се бори со нарушување
во исхраната...
Прочитај повеќе...


Остри предмети
Џилијан Флин

После краткиот престој
во психијатриска
болница, репортерката
Камил се соочи со
вознемирувачка задача
„Да се врати во својот
роден град и да напише
колумна за исчезнатите
девојчиња од нејзиниот
крај“...
Прочитај повеќе...


Градот и градот
Чајна Миевил

Кога во
несекојдневниот,
остарен град Бесел,
некаде на периферијата
на Европа, ќе го
откријат телото на
убиената жена,
инспекторот Борлу од
Единицата за екстремни
злосторства смета дека
тоа ќе биде рутински
случај...
Прочитај повеќе...


Колку покрваво
Стивен Кинг

Расказот е форма на
која Стивен Кинг во
неговата неверојатна
кариера постојано ù
се враќа, од нив многу
преточени во култни
филмови, како „Тело“
(„Биди покрај мене“)
и „Рита Хејворт и
„Бегството од Шошенк“
Прочитај повеќе..


Срца од цимет
Џенифер Хилиер

Колку далеку можеш да
ги закопаш своите
тајни? И да ја скриеш
тагата? Колку долго
може да се извлечеш со
лагите? И колку долго
можеш да живееш со тоa
Ова е приказна за
тројца најдобри
пријатели: онаа што
беше убиена, онаа што
отиде во затвор и оној
што ја бара вистината
сите овие години…
Прочитај повеќе..


Дабот сè уште e тука
Софија Лундберј

Потресен роман за
копнежот, вината,
бесмртното
пријателство и
пронаоѓањето животна
рамнотежа по
разурнувачката врска.
По тешкиот развод, на
Естер ѝ се чини дека
нејзиниот живот ја
загубил смислата.
Најболни ѝ се
викендите што не ги
поминува со синот..
Прочитај повеќе..


Пукнатина
Јозеф Карика

Приказната во
„Пукнатина“ започнува
со пронаоѓањето на
стари аудиозаписи на
плочи во една стара
душевна болница.
Загадочната исповед на
лунатикот Валтер Фишер
го води нараторот во
потрага по вистината
во една од најголемите
словачки мистерии –
онаа за исчезнувањето
на луѓе на планината
Трибеч..
Прочитај повеќе..


Колатерална штета
Линет Исон

Исаија Џејмс умира на
рацете на воениот
психијатар Брук Адамс
при експлозија во
кафуле во Кабул, при
што таа се спасува
здобивајќи се со тешки
изгореници. По долгото
лекување Брук се враќа
во својата земја и
продолжува да работи
како психијатар.
Прочитај повеќе..